Македонија – Италија пред полни трибини

780
ФОТО: FFM.MK

Се е подготвено во Битола за утрешниот фудбалски спектакл. По повеќе децении нашата млада репрезентација повторно се враќа во градот на Конзулите, и ќе одигра еден квалификациски дуел.

На реновираниот „Петар Милошевски“ гостува репрезентацијата на Италија, која што веќе пристигна но е сместена во Охрид.

Што се однесува пак до самиот меч, Спортспорт дознава дека трибините ќе бидат полни, затоа што билетите веќе 90% се продадени. Остануваат околу 24 часа до стартот на натпреварот, а според инфорнациите билети има уште за краните блокови од новата трибина на стадионот во Битола.

Им посакуваме многу среќа на нашите млади репрезентативци кои по неуспехот во Полска во првото коло имаат шанса за резултатска рехабилитација веќе утре. Мечот во Битола стартува од 18:15 часот.

 

ПретходноГоран Станиќ: Подготвени сме за уште еден предизвик против врвна репрезентација
СледноКога Шпанија тренираше во Битола со полиција