Заврши последниот гренслем за оваа 2025 година. Во машка конкуренција на УС Опен победи Карлос Алкараз, додека во женска тоа беше Арина Сабаленка.
Инаку како што и беше најавено, и на Алкараз и на Сабаленка им се исплатена најголема парична награда во историјата на тенисот. Секој од нив доби по 5 милиони долари, сума која досега не исплатена за триумф на еден турнир.
Од друга страна Јаник Синер и Амадна Анисимова по 2,5 милиони долари или двојно помалку од победниците.
Ова доаѓа откако организаторот на УС Опен одлучи за оваа година драстично да го зголеми наградниот фонд на овој гренслем турнир.