Не отпишаа иако сме први: Шансите на Македонија да биде прва во групата се само 4%

552

Платформата „Фудбал митс дата“ излезе со симулација на пресметка на шансите на репрезентациите од нашата квалификациска група за СП 2026. Според пресметките на новните симулатори, Македонија скоро и да нема шанси да го освои првото место во групата, иако по септемврискиот прозорец сме лидери во нашата група.

Имено, платформата излезе со прогноза дека селекцијата на Белгија има високи 82% шанси да го освои првото место и да се квалификува на претстојниот Мундијал, а втор фаворит е селекцијата на Велс, која има 14% шанси во битката за првото место. Македонија според овие анализи е трета со само 4% шанси да биде прва во групата.

Според направените анализи на оваа платформа, Македонија до крајот на квалификациите на трите преостанати натпревари (со Белгија и Велс на гости и со Казахстан дома) ќе освои 3 или 4 бода. Тоа значи дека претпоставките се дека ќе имаме само уште една победа и евентуално едно реми.

ПретходноКазахстан во Скопје ќе дојде до нов селектор: Прифатена оставката на Алиев
СледноОткако го изгуби пасошот: Шпанците праќале приватен авион да го врати Јамал од Турција