Еден македонските одбојкарски претставници во европските купови оваа есен, женскиот состав на Работнички, се договори и двата меча од 1. коло во Челинџ Купот на ЦЕВ да ги одигра на гостински терен. Европската одбојкарска конфедерација ги потврди и двата меча на нашиот претставник кој на 4 и 5 коември ќе патува на двомеч со естонски РАЕ Јури.
Првиот меч меѓу Работнички и РАЕ Јури е закажан за 4 ноември од 19 часот, додека ден подоцна во истиот термин ќе се одигра и вториот натпревар. И двата натпревари ќе се одиграат во салата Рае Спортдикомплекс.
Со тоа што Работнички одлучи и на двата меча да биде гостин, јасно е дека значително ги намали своите шанси за изненадување и евентуално пласман во втората квалификациска рунда на Челинџ Купот.