Екипата на Манчестер Јунајтед се реши од Андре Онана. Барем што се однесува за сезонава. Голманот оди на позајмица во Турција, поточно во тимот на Трабзонспор, каде што ќе ја мине тековнава сезона.
Онана ги договори личните услови, кои подразбираат енормно голема плата, бонуси и што ли уште не, додека пак, остануваат само ситните детали помеѓу двата клуба.
Се очекува Онана да пристигне во Турција во четврток и да биде промовиран како новитет во Трабзон.
Во договорот за позајмица стриктно стои дека Јунајтед нема да добие ништо за позајмувањето на Онана, а од друга страна пак Трабзон не се обврзува да го откупи на крајот од сезоната, поточно на 30 јуни кога завршува позајмицата.