Согласно со натпреварувачките броеви на ждрепката во Рига, познат е и распоредот на натпреварите во трите натпреварувачки групи од првата рунда од претквалификациите за Евробаскетот во 2029 година.
Машката сениорска репрезентација на Македонија ќе го започне новиот циклус, оној од европските претквалификации, на домашен терен.
Во групата „А“ во која е нашиот сениорски тим, натпреварувањето стартува на 27. ноември.
А прв противник на четата на селекторот Марјан Илиевски, во оној ноемвриски ФИБА „прозорец“, ќе биде репрезентацијата на Азербејџан, три дена подоцна, на 30. ноември, Македонија ќе гостува на Ирска.
Следниот меч нашите најдобри кошаркари ќе го играат на 27.февруари, одново на домашен терен, кога ќе ја пречекаме селекцијата на Луксембург. На 2. март, ќе гостуваме, ќе играме против селекцијата на Азербејџан, во натпревар со кој ќе биде затворен вториот ФИБА „прозорец“.
Во оној последниот, на 2. јули ќе ја дочекаме Ирска, а три дена подоцна, ќе играме против Луксембург, на гостински терен.
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ ВО ГРУПАТА „А“
1.КОЛО – 27. НОЕМВРИ – 2025
МАКЕДОНИЈА – Азербејџан
Луксембург – Ирска
2.КОЛО – 30.НОЕМВРИ – 2025
Ирска – МАКЕДОНИЈА
Азербејџан – Луксембург
3.КОЛО – 27.ФЕВРУАРИ – 2026
МАКЕДОНИЈА – Луксембург
Ирска – Азербејџан
4. КОЛО – 2. МАРТ – 2026
Азеербејџан – МАКЕДОНИЈА
Ирска – Луксембург
5. КОЛО – 2.ЈУЛИ-2026
МАКЕДОНИЈА – Ирска
Луксембург – Азеербејџан
6. КОЛО – 5.ЈУЛИ-2026
Луксембург – МАКЕДОНИЈА
Азербејџан – Ирска