Сензационално: Барса уште сега размислува да ја прекине позајмицата на Рашфорд?!

187
ФОТО: FC Barselona/X

Само пред неколку недели, англискиот крилен напаѓач се приклучи на каталонскиот клуб, одигра само три натпревари и, според „Ел Насионал“, тие не се баш задоволни од него. Ќе размислат на „Камп Ноу“ да ја прекинат позајмицата, можеби би можел да се врати во Манчестер Јунајтед на зима. Очигледно, тој не дошол во Каталонија во најдобра форма или физичка кондиција. Во клубот се загрижени за перформансите на теренот. Но, сето тоа се само гласини. Иако, често се случува каде што има дим, да има и оган. Засега, сето тоа се само шпекулации.

Во наредните месеци, во Барселона ќе размислат што да прават со Маркус Рашфорд, бидејќи се обврзале на одредени работи. Тие ја прифатија неговата плата од околу 14.000.000 евра бруто, а тој се согласи да ја намали за 1.000.000 евра. Но, постојат и други клаузули…

ПретходноВМФЛ: Брегалница посакува триумф против Тетекс
СледноАлварез поради недозволена супстанца доби суспензија од десет месеци