Се играше 15.минута на вчерашниот меч Македонија – Лихтенштајн, кога Елиф Елмас го постигна еден од своите најубави голови во кариерата. Прво ја “легна“ цела одбрана на гостите, ги минуваше противничките играчи како од шега, а на крај од тој слалом постигна гол за 1:0, за водство на Македонија.
И неколку минути потоа шок за сите. На официјлната страна на УЕФА пишуваше дека тоа не било гол на Дијамантот туку автогол на голманот Бухел.
И во текот на денешниот ден стои сеуште дека стрелец е Бухел, а не Елмас.
Токму затоа се прашуваме ќе ја поправи ли својата грешка УЕФА и конечно ќе го впише македонскиот напаѓач како стрелец на тој фантастичен гол?
Секако дека тука е прашањето дали и ФФМ ќе треба да реагира, се со цел на Дијамантот да му се “врати“ неговото, односно дека дека тој е стрелецот а не Бухел.