„Танјуг“ објави смена на Пешиќ од селекторското место во Србија, од КСС веднаш демантираа

80
фото: fiba.basketball

Откако агенцијата „Танјуг“ објави дека Светислав Пешиќ повеќе не е селектор на Србија, веста вечерва ја демантираа од Кошаркарскиот сојуз на Србија (КСС).

„Танјуг“ објави дека Светислав Пешиќ повеќе не е селектор на Србија и дека раководството на Кошаркарската федерација денес прво донело одлука да се раздели со селекторот по елиминацијата во осминафиналето на Европското првенство, а потоа тој бил информиран за одлуката.

Кратко потоа, претставникот на српската репрезентација, Нина Колунџија, ги информирала медиумите дека тоа не е вистина.

„Веста на Танјуг за отпуштањето на Светислав Пешиќ од тренерската позиција не е вистинита“, се наведува во соопштението за медиумите.

ПретходноДо денеска 18 репрезентации обезбедија „виза“ за СП 2026
СледноХаланд со бизарна повреда, го удри врата од автобус