Напаѓачот на Манчестер Сити и репрезентацијата на Норвешка, Ерлинг Хачанд за време на репрезентативната пауза се здоби со необична и по малку бизарна повреда. Како што и самиот Халанд објасни на социјалните мрежи една од вратите на автобусот со кој што се превезува репрезентацијата на Норвешка, нагло се отворила и го исекла на лицето.
За среќа без поголеми последици, иако било потребно и шиење односно три конци.
Халанд сето ова со задоволство го сподели со јавноста преку социјалните мрежи, додавајќи секако дека наскоро се ќе биде во ред.