Чудно и неверојатно: Македонија има(ла) само 4 отсто шанси да заврши прва во групата Ј!(ФОТО)

507

Иако по синоќешната победа прротив Лихтенштајн е прва во групата со 11 бодови, иако игра добро и сеуште нема пораз, Суперкомпјутерот не верува дека репрезентацијата на Македонија како прва ќе заврши во групата Ј и со тоа ќе оствари директен пласман на СП 2026.

Јасно е дека претстојат гостувања кај Белгија и Велс и меч дома со Казахстан, но да се пресмета дека Македонија има само 4 отсто да биде прва, тоа се чини дека е премалку.

За второ место се пресметува дека Македонија има 24 отсто, а да заврши како трета 71 насто.

На Белгија за прво место и се даваат 82 отсто шанси, додека на Велс 14 отсто.

За второ место кое води во бараж за пласман на СП, на Белгија и се даваат 14 отсто шанси, а на Велс 62 отсто.

Еве уште еден мотив за избраниците на Благоја Милевски на последните три меча одиграат како што знаат и го остварат сонот на сите нас, а тоа е пласман на СП 2026.

ПретходноГолем гест на фудбалерите: “Со тебе сме, Ангеле“!
СледноЛука Станковски по деби-голот: Не се опишува чувството кога ќе дадете гол за Македонија!