Битола се сеќава… Македонија – Шпанија и гостувањето на Мендиета, Раул… (ВИДЕО)

317

Македонската репрезентација до 21. година утре со почеток од 18:15 часот, ќе го одигра квалификацискиот дуел од новата кампања против соодветната селекција на Италија. Големиот натпревар на инсистирање на Фудбалската Федерација на Македонија се игра во Битола на реновираниот „Петар Милошевски“.

Нашито национален тим до 21 година се враќа во Битола по цели 31. години се враќа во Битола. Фудбалскиот град, на нагости Македонија последен пат на 11.10.1994 година кога пристигна големата Шпанија. Во рамките од тогашните квалификации за Европското првенство. Конечниот резултат на тој меч гласи 0:1 со голот на Оскар Гарсија во 31. минута. Прекрасната атмосфера на легендарното Тумбе Кафе тогаш нема да биде поразлична ниту утре. Битола сакала, сака и ќе сака фудбал, а кога се работи пак за националниот тим….

Македонија тогаш имаше добра генерација. На голот беше сега веќе покојниот Гоце Грујоски, сегашниот наш селектор во младинските категории Димитар Капинковски, Игор Саша Николовски, сегашниот директор на македонските младински селекции Ѓорги Христов… плејада на играчи кои оставија белег подоцна и во А репрезентацијата на Македонија.

Од друга страна пак во тимот на Шпанија се појавија легендите на светскиот фудбал како Мендиета, Раул, Мориентес…. вистинско уживање. Постарите љубители на фудбалот се сеќаваат на тој меч, а утре помладата генерација ќе има можност да почувствува како сето тоа иззгледа…

11.10.1994, Битола Натпревар во рамките на група 2 квалификации за пласман на ЕУРО У21 1996. Македонија: Грујоски, Капинковски, Николовски, Герасимовски, Васевски, Ангелов, Захариевски, Ѓорѓиоски, Михајлов, Шаќири, Христов (замени: Шаиноски, Беќири) селектор: Јово Никушев Стрелци: Оскар Гарсија 31′

ПретходноДимитар Данев: Италија е светска сила, но одлучни сме да направиме позитивен резултат
СледноГоран Станиќ: Подготвени сме за уште еден предизвик против врвна репрезентација