Ливерпул нема да го купи Геи во јануари, ќе го чека до јуни да го добие бесплатно

36
фото: Crystal Palace F.C. (X)

Ливерпул нема намера да достави понуда за дефанзивецот на Кристал Палас, Марк Геи во јануари. Понудата од 35 милиони фунти за Геи беше речиси договорена ова лето, а капитенот на Кристал Палас дури доби дозвола да ги помине медицинските прегледи, за потоа трансферот да биде блокиран од Кристал Палас.

Англискиот репрезентативец беше фрустриран откако му кажа на Ливерпул дека сака да му се приклучи, но пристигнувањето на централниот дефанзивец Џејди Канвот од Тулуз не беше доволно за Палас да го одобри заминувањето.

Сега Ливерпул нема намера да плати за него во јануари и ќе го чека англискиот репрезентативен бек да го заврши договорот со лондончани во јуни следната година, па ќе го добие како слободен агент.

ПретходноСтадионот во Битола во полн сјај го очекува утрешниот дуел Македонија – Италија (ВИДЕО)
СледноТонали ја спаси Италија, Данска ја „растури“ Грција