Во очекување на утрешниот натпревар на младите репрезентации на Македонија и Италија (У21) во квалификациите за ЕП 2027, Фудбалската федерација на Македонија објави видео од реновираниот стадион во Битола.
Стадионот „Петар Милошевски“ доби комплетно нов изглед во соработка меѓу ФФМ и Општината Битола. Стадионот со капацитет од 8587 места е подготвен за првиот меч на нашите младинци на домашен терен во овие квалификации.