Штотуку започна квалификацискиот натпревар на репрезентацијата на Македонија до 21. година против Италија во Битола, на реновираниот „Петар Милошевски“ во вечерен термин под рефлектори.
Нашиот национален тим по 31. година се враќа во Битола, а полните трибини на стадионот и тоа како знаеа да го испочитуваат тоа.
„Згрме“ Денес над Македонија се раѓа од многуилјадната публика на легендарниот фудбалски објект во Битола.
Да се надеваме дека ќе биде среќен за нашите надежи бидејќи во моментов тие се обидуваат да освојат бодови против најголемиот фаворит во нашата група.










