Македонската фудбалска репрезентација до 21. Година забележа и втор пораз во тековната квалификациска кампања. По стартниот пораз од Полска на гости, овојпат Македонија загуби на домашен терен во Битола, на преполниот „Петар Милошевски“ од Италија со минимални 0:1. Единствениот гол на мечот го постигна Марианучи во 35. Минута. Претходно гостите останаа со играчи помалку по иклучувањето на Моруци, но ние тоа за жал не го искористивме. Цел час игравме со играч повеќе но ниту тоа не ни помогна да го надвладееме барем за момент објективно поквалитетниот противник.
Италија на стартот на мечот покажа зошто е фаворит на хартија пред стартот на истиот. Нападна од првата минута, не притисна, и во голема мера преседе што се вели на нашата половина. Тоа нам не нинодговараше во првите дваесетина минути, кога едвај воспоставуваме рамнотежа на терен. Нештата се променија во 25. Минута кога Гаштаров украде една топка и излегуваше сам пред голот на Италија. Тоа со прекршок и тоа последен во одбраната го сопре Моруци што автоматски значеше и втор жолт картон за него и исклучување. Од тој момент Македонија се ослободи горе долу од притисокот почна да игра во поле, но не издржа премногу без да прими гол.

Прекинот им донесе водство на гостите
Во 35. Минута слободен удар беше изведен од десната страна, топката од мешаницата на петерецот беше префрлена на вториот дирек, а таму од прва шутираше дефанзивецот Марианучи погодувајќи на подалечниот дирек.

На полувреме направивме измена, во која во игра влезе напаѓачот Дашмир Елези на сметка на Зенделовски. Ударот на Меметриза ни влеа надеж за нешто повеќе, а во 56. Минута првиот од двата спорни моменти. Липани во обид да ја смири топката со нога, истата му удри во рака, но судијата остана нем. Во продолжемнието, Елези му избега како на последен играч во одбраната Марианучи, овој го потегна за дрес, Елези падна но според судијата овој контакт немаше доволно интензитет ниту за прекин.

Храбро се боревме до крај
Во текот не целото второ полувреме Македонија се обидуваше да наметне свое темпо и начин на игра што и на моменти успеваше. Сепак, не создадовме 100% шанса иако многупати се најдовме блиску до шеснаесетникот или во него. Италија знаеше и тоа како добро да се одбрани, сочува и во ваква ситуација со десетмина играчи на терен. Гаштаров го имаше последниот момент пред голот на Италија по прекинот на Ѓоргиевски но не ја дочека топката во своите нозе како што треба и шансата пропадна.

Сега, Македонија по две кола сеуште е без бодови, додека пак Италија има шест од два дуела.
Македонија – Италија 0:1 (0:1)
Стадион Петар Милошевски во Битола
Гледачи: 8000
Стрелец: Марианучи 35 (И)
Македонија: Василев, Даиловски(Елмас 84), Мелиќи, Џеков, Меметриза, Ангелов (Ѓоргиевски 69), Зенделовски (Елези 46), Гаштаров, Данев, Трајков, Николовски
Италија: Мота, Моруци, Чиародиа, Марианучи, Палестра, Ндоур, Липани, Писили (Дагасо 83), Колеошо (Перуини 76), Раимондо, Пафунди (Идриси 29)










