По повеќе од три децении, Битола повторно беше домаќин на една најдобра македонска фудбалска селекција, овој пат онаа за играчи до 21 година. Реновираниот стадион „Петар Милошевски“ блесна во полн сјај, но штета што нашите младинци не успеаја да извлечат поволен резултат против фаворизираната Италија.
Под Тумбе кафе се врати репрезентативниот фудбал, а Македонија покажа дека добива уште едно одлично место за следните репрезентативни дуели на сите наши селекции.