Екс-селекторот на Белгија на клупата на Фенербахче: Тедеско го наследи Мурињо

117

Доменико Тедеско е нов тренер на Фенербахче. 39-годишниот Италијанец попладнево и официјално беше потврден за наследник на Жозе Мурињо во турскиот клуб.

Преговорите со поранешниот тренер на Спартак (М) и на белгиската репрезентација  се воделе во изминатите денови и се очекуваше само официјална потврда на соработката.

Претходно се шпекулираше со името на Зидан, но Французинот не ја прифатил понудата на Турците.

ПретходноСениорски Европски куп во Џудо на 20 и 21 септември во Скопје
СледноАнглиска „петарда“ на Маракана, Молдавија прими 11 гола од Норвешка