Битола и реновираниот благодарение на Фудбалската Федерација на Македонија стадион „Петар Милошевски“ денеска се домаќини на фудбалската репрезентација на Македонија до 21. година, која што во рамките од тековните квалифиакции за следното ЕП, во второто коло се среќава со репрезентацијата на Италија.
Големиот фаворит во групата го пречекуваме во Битола пред полни трибини и веќерен термин под рефлектори. Како што личи. Македонија ќе биде добар домаќин се до првата минута од мечот, а потоа битка до последен здив. За секоја топка, на секој дел од теренот. Кој што е во одлична состојба.
Посакуваме бодови по неуспехот во првото коло во Полска. Загубивме со високи 3:0 и денеска мора да ги поправиме грешките. Работевме напорно во последните неколку денови, а денес треба да ги видиме резултатите.
Од друга страна противникот доаѓа мотивиран по стартната победа против Црна Гора. Не дека на италијаните им е сеедно, не се навикнати сигурно да играат пред полн стадион со десетилјадна публика, иако се работи за светска велесила. Едноставно мечевите од младинските категории се от таков карактер. Но не и овој денеска во Битола. Македонија ќе има огромна поддршка бидејќи стадионот е распродаден.
Селекторот Станиќ сигурни сме дека има скриени адути кои италијаните не ги „скенирале“ доволно, и со тоа планира денеска да ги изненади. Нека биде така. Нека овој денешен дуел против Италија во Битола биде почеток на нешто убаво за нас во овие квалификации за кои веруваме дека на крајот ќе ни донесат радост и огромна награда за сработеното.