Карачиќ: Навистина е тешко да се игра во Битола, мора да бидеме на триста проценти!

349
Фото: Загреб

Игор Карачиќ одлучи својата кариера да ја продолжи во Загреб, првиот противник на Пелистер во новата сезона во Лигата на шампиони. Македонскиот првак е домаќин на утрешната средба (20:45 часот), а хрватскиот ракометар добро знае како атмосфера го чека во Битола, беше член на Вардар.

„Во среда започнува нашиот европски пат за кој се подготвувавме повеќе од еден месец и се надевам дека во него ќе зачекориме успешно. Лично сум многу мотивиран, а сигурен сум дека тоа важи и за сите наши момци. Се надевам и верувам дека ќе прикажеме добра партија во Битола и ако малку нè послужи и среќата, и со насмевка ќе се вратиме во Загреб.

Сметам дека шансите се подеднакви. Тоа е еден многу жежок терен и навистина не е лесно да се игра во Битола, го знам тоа бидејќи со години сум доаѓал таму. За да се вратиме со посакуваниот резултат, секој играч ќе мора да биде на триста проценти. Во однос на некои претходни години мислам дека Пелистер е подобро избалансиран тим. Мене лично многу ми се допаѓа како се поставени, имаат спој на младост и искуство и сметам дека се добро покриени на сите позиции.

Сепак, верувам дека и нашата екипа има сè што имаат и тие, а можеби и малку повеќе од тоа. Со голема желба, борбеност и мотивираност можеме да дадеме вистински отпор и потоа, како што реков, со малку среќа можеме да дојдеме и до бодови“, изјави некогашниот вардарец. 

ПретходноФлорентино Перез не простува лесно, Реал ќе ја бојкотира „Златна Топка“
СледноСаша Ѓорѓевиќ на клупата на репрезентација која го заврши настапот на ЕП