Марио Станковски е нов напаѓач на Шкупи

594

По стапките на неговиот татко, Горан Станковски, којшто своевремено беше „алфа и омега“ во тимот на Слога Југомагнат, неговиот син Марио Станковски, е нов играч на Шкупи.

Искусниот шпиц му се приклучува на прволигашот од Чаир како новитет за тековната сезона во која веќе минаа неколку кола. Станковски последно беше дел од тимот на Македонија Ѓорче Петров, тој е дете на Работнички каде ја носеше и капитенската лента.

На младиот тим на Шкупи секако му е потребно прволигашко искуство особено во напаѓачките редови, кое што го добива со Станковски.

ПретходноПрославата на Јамал ја подели Шпанија: Дали младиот ас е премногу арогантен?
СледноФлорентино Перез не простува лесно, Реал ќе ја бојкотира „Златна Топка“