Македонија У21 – Италија У21 стартни состави: Измена на голот, Македонија ќе почне со нов напаѓач

463

За нешто помалку од еден час репрезентацијата на Македонија до 21. година ќе го започне вториот натпревар од тековните квалификации, против селекцијата на Италија на домашен терен во Битола, на реновираниот „Петар Милошевски“.

Нашиот национален тим во овој дуел влегува со нешто изменет состав во однос на првото коло и поразот во Полска од 3:0.

На голот на местото на Џеков е Васко Василев. Во последната линија се Даилоски Мелиќи и Џеков, а следуваат Меметриза, Ангелов, Зенделовски, Гаштаров и Данев. Во нападот повторно е Трајков но овојпат и Теодор Николовски.

 

ПретходноСаша Ѓорѓевиќ на клупата на репрезентација која го заврши настапот на ЕП
СледноКуп на Македонија: Башкими преку Победа до 1/8 финалето