Полувреме во Битола: Македонија не користи играч повеќе и губи од Италија (ВИДЕО)

326

Македонската фудбалска репрезентација до 21. во моментов го игра вториот квалификациски дуел од тековните квалификации против репрезентацијата на Италија во Битола на преполниот „Петар Милошевски“.

И покрај бројчаната предност поради исклучувањето на Моруси, сепак, Македонија на полувреме губи со 0:1. Една нафрлена топка од прекин од десната страна ја исптати топката на вториот дирек, а таму дефанзивецот Марианучи од прва шутира и погодува во подалечната страна од голот на Василев.

Штета, Италија сепак ја има иницијативата, поголемиот дел од полувремето го мина на нашата половина, а ние сепак, и покрај играчот повеќе се обидуваме најмногу преку контра напади.

Македонија – Италија (0:1)

Стадион Петар Милошевски во Битола

Гледачи: 8000

Стрелец: Марианучи 35 (И)

Македонија: Василев, Даиловски, Мелиќи, Џеков, Меметриза, Ангелов, Зенделовски, Гаштаров, Данев, Трајков, Николовски

Италија: Мота, Моруци, Чиародиа, Марианучи, Палестра, Ндоур, Липани, Писили, Колеошо, Раимондо, Пафунди (Идриси 29)

ПретходноГазели Волеј добија репрезентативно засилување: Терзиевска се врати дома
СледноЛа Лига направи исклучок за Барселона