Македонскиот кошаркарски репрезентативец Ненад Димитријевиќ и неговиот нов тим, руски Зенит го освоија Купот „Кондрашин и Белов“. Станува збор за силен подготвителен турнир за новата сезона кој се одржа во Ст. Петерсбург.
Во финалниот меч Зенит славеше над лутиот ривал Уникс Казан со 89:71. Нашиот репрезентативец одигра 20 минути и постигна 5 поени, сите во последната четвртина.










