Пелистер вечерва (20:45 часот) пред своите навивачи ја отвара новата сезона во Лигата на шампиони, прв противник на актуелниот македонски првак е Загреб. Битолската публика со нетрпение чека да види како ќе изгледа Пелистер оваа сезона во најсилното европско клупско натпреварување. Македонскиот тим на клупата има нов тренер, Рубен Гарабаја и шестте нови засилувања.
Шпанскиот стратег гледа со голем оптимизам, од неговите момци бара да одиграат на ист начин како во текот на подготовките. Тој исто како новајлиите едвај чека да го доживее битолското лудило на трибините.
„Имавме одлична претсезона и сега сите ракометари се спремни за Лигата на шампионите. Треба да го смениме мислите, го менуваме натпреварувањето и треба да знаеме каде сме во елитата. Загреб е компетитивен тим, играат одлична одбрана, посебно во средината. Треба да ја наметнеме нашата игра и да играме како што игравме во периодот на подготовки.
Спремен сум да ја доживеам атмосферата во Битола. Сите ми кажуваа откако пристигнав и сакам навивачите да уживаат во нашата игра и да се радуваат на победа на секој наш домашен натпревар“, рече стратегот на Пелистер.