Македонскиот пладински репрезентацивец Мартин Ѓоргиевски ќе го има првото свое интернационално искуство. Заминува во Чешка, и пошишува за тамошниот второлигаш Збројовка Брно.
Еден од најквалитетните фудбалери во ПМФЛ шампионатот, и покрај големите најави за трансфер во Црвена Звезда на пример, каде што се најавуваше дека ќе се пресели, па во шкотскиот Данди, сепак, на крајот Ѓоргиевски заминува во реалативно непозната средина.
Ѓоргиевски инаку со години е дел од тимот на Брера, иако е по потекло од Охрид. Го сврте вниманието врз себе со добрите игри во изминатиот период, и головите кои ѓи постигна за струмичани.
На вчерашниот У21 квалификациски дуел против Италија, Ѓоргиевски како резерва ги одигра последните дваесетина минути од мечот во Битола.