Тухел по убедливата победа над Србија: Победивме во тешки услови

184

Томас Тухел зборуваше по победата на Англија над Србија од 5-0 во квалификациите за Светското првенство во 2026 година.

„Ви кажав дека е потребна малку верба во она што го правиме. Споделуваме со вас што чувствуваме и гледаме во тренинг кампот – не ве лажам. Да не забележав, ќе речев дека сè уште не сме подготвени“, започна Тухел.

Победата им донесе на „Трите лава“ седум бода предност на врвот од Групата К и во голема мера им гарантира директно пласирање на Светското првенство во САД, Канада и Мексико.

„Задоволен сум од перформансите на играчите оваа недела. Беше одлична недела – ставот и начинот на кој игравме во двата натпревари беа импресивни. Денес победивме силен противник со самодоверба во тешки услови. Тоа беше тимска работа – се поддржувавме едни со други“, додаде Тухел.

Така, островјаните сè уште немаат пропуштено бод од почетокот на квалификацискиот циклус под водство на нивниот нов тренер, на кого се положени големи надежи дека конечно ќе може да го води својот тим до значаен трофеј за прв пат по повеќе од половина век чекање.

„Немаше негативност или разочарување на теренот. За мене, тоа беше вистински тимски напор. Игравме на високо ниво и ја заслуживме нашата победа“, заклучи Тухел.

ПретходноГерманците со срамни провокации за Дончиќ, селекторот на Словенија им одговори
СледноБитола на нозе, Пелистер отвара ново поглавје во ЛШ: Сакам навивачите да уживаат во нашата игра