По одличната недела во која го освои Отвореното првенство на САД, Карлос Алкараз реши да направи драстична промена во својот имиџ. Младиот шпански тенисер, кој го победи својот ривал Јаник Синер во возбудливо финале од четири сета во неделата за својата шеста титула од Гренд слем, сега има руса коса.
22-годишниот Шпанец привлече внимание и во пресрет на турнирот кога ги замени своите препознатливи локни со кратка фризура. Потоа откри дека за промената е заслужен неговиот брат, кој неуспешно му ја истрижал косата, па единственото решение било да ја избричи целата. Алкараз рече дека новата фризура му дала дополнителен поттик, што, со оглед на исходот од турнирот, се покажа како вистина.
View this post on Instagram