Претседателот на Светската атлетика, Себастијан Коу, призна дека Светското првенство што започнува во Токио овој викенд се соочува со „жежок предизвик“, откако Јапонија го помина најжешкото лето досега. Просечната температура во Јапонија меѓу јуни и август била за 2,36 степени над „стандардната вредност“, што ја прави најтопла од почетокот на водењето евиденција во 1898 година, соопшти Јапонската метеоролошка агенција (JMA).
Светското првенство започнува во Токио во сабота, четири години откако Олимписките игри во 2021 година, се одржаа во јапонската престолнина. Коу им рече на новинарите дека температурите, кои сè уште се високи и до 33 степени, ќе бидат проблем за спортистите.
„Не мислам дека е некоја голема тајна, имаме некои предизвици со жештината во Токио“, рече тој. „Всушност, ги имавме за време на Игрите во 2021 година.“
Маратонските трјкии и натпреварите во брзо одење на Олимписките игри во 2021 година беа преместени во постудениот северен град Сапоро поради загриженост од топлината, но овој пат и двата настани ќе останат во Токио.