Новајлијата во женската Прва лига, екипата на газели Волеј, денеска објави уште едно ново засилување. Станува збор за коректорот Мила Дикова, која досега ги бранеше боите на Работнички.
„Подготовките се интензивни и бараат многу работа, но видно е дека носат резултати. Работиме заедно како екипа и напредуваме со секој тренинг. Очекувам оваа сезона да биде полна со предизвици, но и со многу учење и напредок. Сакам да дадам максимум за клубот и да придонесам со енергија, борбеност и позитивен дух. Верувам дека како екипа можеме да постигнеме убави резултати“, изјави новото засилување на „газелите“.