Двата тима одиграа добар натпревар и го оправдаа епитетот дерби на првото коло во Супер-лигата. На крајот и самиот резултат е потврда за тоа, со голот на Карасманакис во последната секунда, Алкалоид избори реми против ГРК Охрид (24-24). Домаќинот имаше плус четири, шанси за помирен финиш, но му дозволи на противникот да се врати во игра.
Прв стрелец кај Алкалоид беше Борзаш со шест гола, зад него беше Тордарсон со четири погодоци. На другата страна Џукиќ имаше пет погодоци, еден помалку запиша Иванковиќ.
Во првото полувреме видовме изедначена игра во која гостите имаа претежно два гола предност, на одморот беше (11-13). Алкалоид во второто полувреме го подигна нивото, дефанзивата беше цврста, Кизиќ запиша неколку одбрани, со серија од 6-0 поведе со 19-15 во 41-та минута.
На другата страна искусниот состав на ГРК Охрид беше конфузен и во одбрана и во напад, влезе во поентерска криза која траеше цели 10 минути. По пеналот на Ојлески гостите се вратија во игра, Џукиќ со два гола доближи на 19-18 во 49-та минута. Ова беше период во кој избраниците на Лазаров влегоа во серија на грешки и нереализираа од седум метри. Костески постигна важен гол за 20-18 на стартот на последните десет минути.
Џонов кога се кршеше резултатот направи две грешки, промаши зицер за плус три, а потоа доби две минути исклучување во 26-та минута. Младиот Галевски запиша важна одбрана, го спречи Ојлески да реалзира од седум метри, но неговиот тим не ги искористи своите шанси, му дозволи на противникот да се врати, Џукиќ, Вејн и Јотиќ го вратија водството (22-23) во 29-та минута. Боржаш израмни на 23-23, Иванковиќ го најде патот до мрежата за 24-23, Карасманакис израмни на 24-24.