Голем бран на повреди ги погоди таборите на Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед пред големото дерби кое ќе се игра на „Етихад“ овој викенд. Двата тима ќе го дочекаат дербито со „десеткуван“ состав и очекувано е да видиме неколку ротации во двете екипи.
Омар Мармуш и се придружи на големата листа на отсуства во екипата на Гвардиола, откако денес беше објавено дека еѓипќанецот се повредил на натпреварот против репрезентацијата на Буркина Фасо во квалификациите за Светското првенство. Освен Мармуш кај „граѓаните“ ќе недостасуваат и Џон Стоунс, Рајан Черки, Матео Ковачиќ, Фил Фоден, Јошко Гвардиол, Савињо и Кушанов.
Кај „црвените ѓаволи“ ќе осуствуваат Матеус Куња, Диого Далот, Мејсон Маунт и Лисандро Мартинез. И двете екипи ќе се обидат да се вратат на победнички пат по слабиот старт на новата сезона. Исто така се очекува на овој натпревар своето деби да го запише новото засилување на Манчестер Сити, Џанлуиџи Донарума.