Кристијан Ериксен се договори со Волфсбург

37
фото: Florian Plettenberg (X)

Данскиот репрезентативец и бивш фудбалер на Манчестер Јунајтед, Кристијан Ериксен конечно си најде нов клуб. 33-годишниот данец ќе стане нов фудбалер на Волфсбург.

Откако ја прекина соработката со „црвените ѓаволи“ на крајот на предходната сезона, Ериксен беше во потрага по нов клуб. Тој тренираше во Малме за да ја одржи формата за новата сезона.

Волфсбург ќе биде шестиот клуб за кој ќе настапува искусниот данец. Пред тоа тој ги „бранеше боите“ на Ајакс, Интер, Манчестер Ј. Тотенхем и Брентфорд.

ПретходноГолема драма во Автокоманда: Карасманакис донесе бод против ГРК Охрид (ФОТО)
СледноЛШ: Алборг и Спортинг ја отворија сезоната со победи