Куп на Македонија: Тиквеш, Шкендија и Шкупи се пласираа во 1/8 финалето

261

Денеска со дуелите Скопје – Тиквеш, Јени Мале – Шкендија и Кожуф – Шкупи, и официјално завршни прелиминарната фаза од домашниот Куп за оваа сезона.

Тимот на Тиквеш во Скопје, успеа да слави кај истоимениот противник со минимални 0:1, и на тој начин да се пласира во 1/8 финалето од ова натпреварување.

Од друга страна пак, тимот на Шкупи немаше проблеми да се справи со второлигашот Кожуф и во Гевгелија триумфираше со 0:2.

Конечно, шампионот Шкендија, со 0:9 беше подобар од нисколигашот од Битола, Јени Мале, кој што традиоционално учевствува во Купот иако се работи за аматерски клуб.

 

ПретходноЕкстра вест од Тетово: Тетекс се враќа на Градскиот стадион
СледноЗаврши бајката за Џикиќ и Грузија на ЕП, Финска до историско полуфинале