Судиите го „пресекоа“ Дончиќ со лични грешки, Германија со пресврт во полуфинале

148
фото: fiba.basketball

Германија ја победи Словенија со 99:91 и го пополни последното слободно место во полуфиналето на Евробаскетот 2025. Словенија водеше три четвртини, но Германците со реална помош и на судиите, на крајот дојдоа до пресврт за полуфинале.

Франц Вагнер и Денис Шредер го предводеа германскиот тим до победата, откако во последната четвртина успеаја да ја стабилизираат играта на својот тим, да ја поправат реализацијата и да ги блокираат нападите на Дончиќ и неговите соиграчи. Мора да се напомене дека Дончиќ скоро цело второ полувреме го одигра со 4 лични грешки.

Незапирливиот Лука Дончиќ го заврши натпреварот со 39 поени, додека кај Франц Вагнер се истакна кај Германците, постигнувајќи 23 поени, додека Денис Шредер постигна 20.

Германија ќе се соочи со Финска во полуфиналето.

ПретходноГрадското дерби на Манчестер осакатено: 12 играчи го пропуштаат неделниот меч на „Етихад“
СледноПелистер тргна победнички во ЛШ, Загреб „изгоре“ во битолскиот „пекол“ (ФОТО)