Денеска стартува новата сезона во Лигата на шампиони. И овој пат Пелистер ќе биде македонскиот претставник во елитното клупско натпреварување. Бранител на титулата е Магдебург.
Како и секогаш така и овој пат пред почетокот на ЛШ, ЕХФ излезе со интересни факти, а еден од нив е дека Кирил Лазаров останува најдобар стрелец во историјата на ова натпреварување и покрај тоа што веќе е во „пензија“. Лазаров има 1468, зад него е Тимур Дибиров со 1212 погодои по што следат Никола Карабатиќ и Микел Хансен. Со оглед на тоа дека врвот на листата ја сочинуваат пензионирани ракометари, во тој случај Лазаров долго време ќе остане „кралот на стрелците“.
View this post on Instagram
Нешто што не треба да се заборави е дека Вардар има две шампионски титули.