Атина е домаќин на овогодинешната завршница на Евролигата

20

Главниот град на Грција, Атина, и официјално ќе биде домаќин на завршниот Ф4 турнив во кошаркарската Евролига.

Иако и други градови се споменуваа како потејнцијални домаќини, како на пример Белград, сепак, одлуката падна тоа да биде токму Атина.

Оваа ифнормација и официјално е потврдена од страна на нраководните структури на Евролигата.

Според програмата, завршниот Ф4 турнир е закажан за последната недела од мај. Поточно, полуфиналето е на 22 мај, додека пак самиот финален дуел за два дена подоцна.

Атина последен пат беше домаќин на завршниот Ф4 турнир во Евролигата во далечната 2007 година кога токму домашниот Панатинаикос ја освои титулата.

ПретходноЛазаров: Охрид има добар тим, ќе биде неизвесно и интересно!
СледноЛенгстон Вилсон е новиот центар на Пелистер