Барса ќе загуби 5 милиони евра само од првите две домашни средби

100

Барселона нема да се врати на „Камп Ноу“ овој викенд, бидејќи ќе игра против Валенсија на „Естадио Јохан Кројф“ во недела навечер. Ла Лига го одобри местото на одржување со релевантните измени за ВАР и технологијата на гол-линијата, а „Естадио Олимпик Луис Компанис“ нема да биде достапен поради концертот на Пост Мелоун во петок.

Освен тоа, „Блауграна“ го резервираше користењето на „Монжуик“ до февруари, но одржувањето на фестивалот „Ла Мерсед“ значи дека Советот на градот не сака да го отстапи користењето на овој стадион за последниот викенд од септември, кога Каталонците треба да биде домаќини на Реал Сосиедад, поради бројот на луѓе што се собираат во областа и потребното полициско присуство.

Според каталонски „Спорт“, најверојатното сценарио е дека и следниот домашен натпревар на Барселона против Хетафе на 21 септември ќе се игра на „Естадио Јохан Кројф“. Капацитетот од 6.000 гледачи на овој стадион ќе има големо влијание врз приходите. Минатата сезона на „Монжуик“ просечниот приход на еден натпревар бил околу 2,8 милиони евра, додека приходот од натпреварот против Валенсија ќе биде само 370.000 евра. Тоа значи дека само од еден меч Барселона е во загуба од 2,43 милиони евра.

ПретходноАтлетичарите загрижени од пеколните температури во Токио пред стартот на Светското првенство
СледноГрадското дерби на Манчестер осакатено: 12 играчи го пропуштаат неделниот меч на „Етихад“