Вембањама го носи европскиот навивачки дух во НБА-лига

73

Француската кошаркарска ѕвезда Виктор Вембањама го носи европскиот навивачки дух во НБА. На негова иницијатива, Сан Антонио Спарс организираат аудиција за членови на посебна навивачка група која, по примерот на европските фудбалски и кошаркарски клубови, треба да создаде огнена атмосфера на домашните натпревари.

Задачата на избраните навивачи ќе биде „постојано да пеат навивачки песни, да удираат на тапани, да мавтаат со знамиња и да обезбедат страсно навивање“. Вембањама, центар висок 221 сантиметар, кој пристигна во НБА во 2023 година, исто така ќе учествува во изборот на кандидати.

„Прво имав идеја, сега е проект. Ако оваа група ултра навивачи го реализира својот потенцијал, не се сомневам дека можат да ни помогнат во нашите обиди по победи. Секоја сезона сме домаќини на 41 натпревар, тоа се 41 можност за нив да ни дадат дополнителна енергија со навивање во последната четвртина и со тоа уште неколку победи“, рече 21-годишниот Французин.

Според ESPN, клубот бара кандидати кои се подготвени да присуствуваат на најмалку три четвртини од домашните натпревари и да се посветат на пеење и навивање со страст и почит. Членството во оваа ексклузивна група нема да биде бесплатно, а одбрани навивачи ќе плаќаат членарина од 999 долари (околу 850 евра) во замена за посебни бенефиции како што се попусти во клупската продавница и средби со специјални гости.

ПретходноРафиња е бесен на Анчелоти
СледноПикси повторно на „мета“, и повторно одговори што мисли за побараната оставка