Заврши бајката за Џикиќ и Грузија на ЕП, Финска до историско полуфинале

144

Репрезентацијата на Финска и натаму прави чуда на актуелниот ЕВРО баскет самит. Предмалку во 1/4 финалето скандинавците ја совладаа Грузија на чело со нашиот екс селектор Џикиќ со конечни 93:79 и на тој начин се пласираа меѓу најдобрите четири на овој турнир.

Финска во текот на целиот турнир, па така и денес игра одлична кошарка, и не случајно стигна до тука. Одличната одбрана, вкомпонирана со шутот пред се за три, им носи на финците историски успех. Првата четвртина беше добиена со 28:15, втората со 29:25. Грузија единствено се врати резултатски во третиот дел, кој го доби со 14:22, но на крајот Финска сепак покажа дека во моментов е поквалитетен тим.

 

 

ПретходноКуп на Македонија: Тиквеш, Шкендија и Шкупи се пласираа во 1/8 финалето
СледноИнцидентите во Белград синоќа стигаат на наплата: Србија ја пречекува Албанија пред празни трибини?