ЛШ: Алборг и Спортинг ја отворија сезоната со победи

33
фото: EHF Champions League (X)

Екипите на Алборг и Спортинг (Л) стартуваа со победи во новата сезона на Лигата на шампионите во ракомет. Попладнево данскиот тим на домашен терен беше подобар од Веспрем со 32:28, додека екипата на Спортинг се враќа со голема победа од Романија, каде славеше над Динамо (Б) со 30:33.

Томас Арнолдсен беше лидер во победата на Алборг со 6 постигнати голови, додека Хангард и Мелер завршија со по 5 постигнати гола.

На дуелот во Букурешт, кај екипата на Спортинг, Франциско Мота Коста беше прв стрелец со 8 гола, додека Торкелсон заврши со 7 гола од исто толку шута.

ПретходноКристијан Ериксен се договори со Волфсбург
СледноАтлетичарите загрижени од пеколните температури во Токио пред стартот на Светското првенство