Ниту еден претставник на Реал Мадрид не присуствуваше на минатогодишната церемонија за доделување на Златната топка во знак на протест затоа што Винисиус Жуниор не беше прогласен за најдобар играч.
Шпанскиот весник „Марка“ објави дека никој од клубот нема да присуствува и на овогодишната церемонија, која ќе се одржи на 22 септември. Триесет играчи се номинирани за наградата, вклучувајќи тројца играчи на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, Џуд Белингам и Винисиус Жуниор. Тибо Куртоа е номиниран за најдобар голман, а Каролин Вир е номинирана за најдобра фудбалерка.
Сепак, претставници на Реал Мадрид нема да патуваат на настанот. Досега девет играчи на Реал ја имаат освоено наградата, која првпат беше доделена во 1956 година. Францускиот репрезентативец Усман Дембеле, играч на ПСЖ, се смета за фаворит за освојување на наградата оваа година.