Тренерот на Пелистер: Атмосферата е магична, вечерва треба сите да уживаме во победата!

178
Фото: Пелистер

Актуелниот македонски првак, Пелистер со победа ја отвори новата сезона во Лигата на шампиони, откако на домашен терен го совлада Загреб со 25-23. Рубен Аренас Гарабаја, тренерот на македонскиот тим пред мечот зборуваше за атмосферата, а вечерва на дело можеше да види каква поддршка ќе има тој и неговите момци оваа сезона.

Шпанецот вели дека не одиграле на најдобро ниво, но на крајот победата е заслужена и треба да ужуваат во неа.

„Многу луѓе ми зборуваа за атмосферата тука, ама додека не ја почувствуваш лично – не знаеш каква е магијата во оваа сала. Многу е лесно да се игра тука со ваква поддршка. Не требаше да бидеме во таква позиција на крајот од средбата. Многу е важно да победуваме во натпреварите кои се клучни за нас во групата. Знаеме дека ова не е нашето најдобро ниво, можеме многу да напредуваме и фокусирани сме на тоа. Мораме да размислуваме од натпревар во натпревар, следен е ПСЖ, но секогаш мора да уживаме и во победата. Вечерва уживаме, ама веќе од утре се фокусираме на дуелот во Париз. Имаме натпревар од домашното првенство, а и таму секој е важен и мора да ја исполниме задачата“, изјави Гарабаја.

ПретходноПоранешниот голман на Арсенал го купува славниот клуб од Минхен и ќе гради нов стадион