Ѓорческа со победа на стартот на турнирот во Букурешт

37

Победа на стартот од турнирот W75 во Букурешт на македонската тенисерка Лина Ѓорческа. Во исцрпувачки меч што траеше 170 минути Ѓорческа ја совлада домашната тенисерка Георгиа Крачун со 2-1 во сетови (64 46 75). Турнирот се игра за награден фонд од 60.000 долари.

Македонската тенисерка поведе во мечот откако го доби првиот сет со 6:4 во сетови, откако постојано водеше. Во вториот сет Крачун имаше предност во сетот што го доби со идентични 6:4. Во решавачкиот сет македонската тенисерка поведе со 3:0 во гемови, а ривалката изедначи на 3:3. Ѓорческа имаше ново водство од 5:3, но Крачун пак изедначи на 5:5, за следните два гема да ги освои македонската тенисерка што значеше и победа и пласман во следната рунда.

Во второто коло Лина утре ќе игра со победничка од мечот на квалификантките италијанските тенисерки Ноеми Бастилети, која со 2-1 ја победи Лаура Маир.

ПретходноТухел постави ТОП рекорд како селектор на Англија
СледноПроблем за Турција, повредата на Осман е сериозна