Екипата на Бутел Скопје е на чекор до пласман во второто коло во ЕХФ Европскиот Куп. Избраниците на тренерот Горан Кузманоски на првата средба против Дуделанж на гостински терен славеа со 31-27.
Реванш мечот се игра на 13 овој месец, а во Бутел Скопје решија да ја одберат малата сала во „Јане Сандански“. Влезот е бесплатен, во тимот очекуваат максимална поддршка за продолжување на европската сезона.