Васил Гогов дел од Вардар до 2027 година

70

Младиот и перспективен голман на РК Вардар, Васил Гогов потпиша нова соработка за клубот која што е важечка до 2027 година.

Претходниот негов договор беше важечки до 2026 година, но управата на клубот смета очигледно дека Гогов заслужува нов „дил“.

Гогов, кој од 2019 година е дел од Вардар веќе неколку сезони е дел од првиот тим, сериозно се наметна како важен дел од голманската линија на Вардар. Во изминатата сезона доби сè поголема минутажа, што ја оправдува со доби настапи.
„Васил покажа дека има квалитет и карактер за Вардар. Неговиот напредок е очигледен и со нетрпение очекуваме да продолжи да расте во нашиот дрес,“соопштија од клубот.

ПретходноЛуис Енрике е опериран, го пропушта следниот меч на ПСЖ
СледноФатих Терим ќе биде селектор на Чешка