„Дали некогаш си играл кошарка? Дали е нормално еден тим да шутира 13 слободни фрлања во последните три минути?“

1169
Фото: ФИБА

Кошаркарот на Словенија, Клемен Препелиќ, во неверување зборуваше за критериумот на судење на четвртфиналниот натпревар на Европското првенство кој неговиот тим го загуби од Германија со 99:91.

Бес. Тоа беше единствената емоција што можеше да се види на лицето на Клемен Препелиќ на прес-конференцијата.

Се обидуваше да го сокрие, но не успеа. Верува дека неговиот тим неправедно го заврши турнирот и дека судиите во голема мера влијаеле на конечниот исход.

„Постојано зборуваме во соблекувалната. Тренерите секогаш нè потсетуваат дека не треба да разговараме со нив, но ајде вака да кажеме: 9031 човек беше на трибините. Многу луѓе гледаа и на телевизија. Сега, вие како новинар, веројатно ја знаете кошарката малку подобро од навивачите. Дали некогаш сте играле кошарка? Имате? Нема врска што не е професионално.

Значи, вие верувате дека на ниво на четвртфинале на Евробаскет, во последните три минути, нормално е еден тим да шутира 13 слободни фрлања во натпревар каде што е дозволен физички контакт? Ни јас не можам да судам, но тоа не се нормални работи. Да не зборуваме колку фаули Лука доби во секој напад. Не можеш да свириш сè, но нема да досудиш техничка на суперѕвезда како што е тој во првата четвртина. Да бидеме искрени, тоа е неприфатливо. Смешно. Мора и самите себе да се кривиме за многу работи, да анализираме сè, но веруваме дека немаше да ги изгубиме нервите доколку тие работи не се случуваа. На Ален му свиреа два офанзивни фаула на скок, а на Маодо Лоу кој шутира, три фаула. На Денис Шрудер кој ја губи топката му доделуваат фаул. На крај 99:91. Не сакам да го минимизирам нивниот квалитет, тие се еден од најдобрите тимови на турнирот, ако не и најдобриот. Но, ајде – 37:25 – тоа е голема разлика во слободни фрлања“, изјави Препелиќ.

ПретходноИ во ЕХФ без зборови: Каква атмосфера во Битола (ВИДЕО)
СледноМЗТ Скопје врати Американец кој играше во сезоната 2021/22