Дончиќ огорчен на судиите им покажа гестикулација за пари, па ги пцуеше: Да ви е**м мајката…

649
Фото: Eurohoops.net

Словенија е елиминирана во четвртфиналето на Европското првенство, откако беше совладана од Германија со 99-91. Лука Дончиќ се најде во центарот на вниманието по овој меч. Словенецот откако на стартот на третата четвртина ја заработи својата четврта лична грешка им покажа гестикулација за пари на судиите.

Тој го урна рекордот по бројот на поени во едно четвртфинале, постигна 39 поени, кои не беа доволни за полуфинале. После мечот беше видливо бесен, а за тоа говорат и неговите пцовки кон судиите.

Моментот можете да го видите ТУКА. 

„Лут сум 100%. Можев повеќе во последната четвртина, форсирав премногу шутеви… Во клучните моменти не носев вистински одлуки. Сите се боревме“, изјави Дончиќ.

Несекојдневен третман од судиите имаше Дончиќ, кој ја доби четвртата лична грешка уште во третиот квартал, а техничка во првата четвртина.

„Првата техничка грешка ја добив кога викнав на судијата. Но ова е борба за полуфинале, така што навистина не знам… Четири фаула на почетокот на третата четвртина, тоа уште никогаш не ми се има случено во животот. Нема паника, сега неколку дена одмор и почнува сезоната“.

Луда тројка на Германците на крајот од третата четвртина.

„Да, но и понатаму водевме после тоа. Германија е фаворит за злато“.

Се добива впечаток дека Словенија поради лошите изданија на подготовките беше потценета на ова првенство.

„Ние целевме повисоко. Многумина не нè почитуваа. Ние се бориме за Словенија, за овој дрес и секоја чест на сите. Можевме да бидеме на одмори, но ние тука се бориме за секоја топка“, рече кошаркарот на ЛА Лејкерс.

ПретходноТренерот на Пелистер: Атмосферата е магична, вечерва треба сите да уживаме во победата!
СледноИ во ЕХФ без зборови: Каква атмосфера во Битола (ВИДЕО)