Пет македонски кошаркарски тимови имаат забрана за трансфери

390

Македонската кошарка и натаму е во проблеми. Постојано се доцни со плати, па дел од играчите своите заработени финансии ги бараат по правен пат. На најновата листа кошаркарскиот суд БАТ зад кој стои ФИБА се најдоа пет македонски тимови.

На првото место е најтрофејниот кошаркарски клуб, Работнички кој има забрана за пријавување на странски кошаркари бидејќи се стигнати шест пријави. Сумата која овој клуб ја должи не е позната, но истиот ќе има големи проблеми бидејќи сето ова се случува на еден месец пред стартот на првенството.

На списокот се најдоа уште прволигашите Кожув и Куманово, второлигашот Шкупи и женскиот прволигаш Баскет Кам, но тие имаат по една пријава.

ПретходноСтигна признание и од Загреб: Атмосферата беше одлична, Пелистер ја заслужи победата!
СледноБутел Скопје ќе го пречека Дуделанж во „Јане Сандански“ – влезот е бесплатен!