Екипата на Пинар Каршиака е победник на меморијалниот турнир „Боби Петковски“ во Гевгелија. Во финалниот меч екипата од Измир беше доста подобар ривал од косовскиот прволигаш Бора со 78-59.
Инаку, поради повреда здобиена ден порано, во полуфиналниот дуел со Работнички, за Пинар Каршијака не настапи Михаил Наумоски.
Во натпреварот за третото место Работнички го совлада Кожув со 85:71.
Џејкоб Хатсон оствари дабл-дабл ефект, имаше 20.поени и 10.скока во победничката екипа. Брет Томпсон постигна 18, Џордан Онил имаше 16, а Дамјан Робев заврши со 11.поени.
Во екипата од Гевгелија, Первис реализираше 17.поени, Хигс имаше 16, а Вучковиќ уште 11. поени.
ТУРНИР „БОБИ ПЕТКОВСКИ“ – ГЕВГЕЛИЈА
РЕЗУЛТАТИ
ПОЛУФИНАЛЕ
Кожув – Бора 76:77
Пинар Каршијака – Работнички 84:74
ЗА ТРЕТО МЕСТО
Кожув – Работнички 71:85
ФИНАЛЕ
Бора – Пинар Каршијака 59:78